Трајанов: Да покажеме демократска зрелост и да дадеме личен влог во промените
На 11 декември излезете и масовно гласајте за Коалицијата за промени и правда, која гарантира стабилност, единство и сплотеност. Да покажеме демократска зрелост и да дадеме личен печат и влог во промените. Ова денеска на прес-конференција го истакна Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица.
Посочи дека Коалицијата за промени и правда има пет врвни приоритети: системски промени, робусни мерки, економски развој, полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ и реформи во судскиот систем.
На прес-конференцијата се обрати и носителот на листа во втората изборна единица Јове Кекеновски, кој ги повика сите нивни членови, симпатизери, поддржувачи, како и оние кои не се определени, да гласаат за Коалицијата за промени и правда.
Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица рече дека изборите на 11 декември се еднакво важни како и референдумот за самостојна Македонија од 8 септември 1991 година.
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим