Трагична судбина на група бегалци: Побегнаа од масакр, а сега гинат од слонови
Слоновите во Бангладеш убија десетици бегалци од муслиманското малцинство Роханџини, соопштија денеска Обединетите нации и најавија план за „мирољубива коегзистенција“ на дивите животни и бегалците во логорите.
Околу 700.000 Роханџини побегнаа од Мијанмар во соседен Бангладеш поради смртоносната војна репресија која ОН официјално ја нарекоа етничко чистење.
Бегалците дојдоа масовно, па во пограничното подрачје во Бангладеш никнуваат логори во подрачјето каде живеат диви слонови.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека тука се движат стада со вкупно 40 слонови. Тие се во потрага по храна и лутаат меѓу Мјанмар и Бангадеш.
УНХЦР наведе дека во соработка со Меѓународната унија за заштита на природата настојува да им помогне на жителите во Бангладеш да „воспостават подобри односи“ со дивите слонови.
Таа соработка би требало да овозможи подучување на бегалците за тоа што да прават кога ќе се појави слон и како да го натераат да не поминува низ логорот.
Ново на Сител
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни