Македонија
6. September 2016 - 16:16

Трагедија: Запалил стрниште, па настанал пожар - Во обид да го изгасне огнот починал

На 05.09.2016 година околу 12.00  часот на м.в Амбарица, атар над виничкото село Јакимово, Б.Ј. (82) од село Јакимово запалил стрниште во нива во негова сопственост, но огнот се проширил кон нива со лозов насад сопственост на друго лице. Истиот се обидувал да го изгасне огнот во лозовиот насад, при што паднал во претпоследниот ред каде и починал. Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Виница, а увид на местото на настанот извршила екипа од НККР-Виница. Смрт е констатирана од доктор од ЗД Виница, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.