Трагедија: Возило излета од патот Штип-Радовиш, загинаа двајца мажи

Две лица загинаа, а две се потешко повредени е билансот од сообраќајната несреќа што се случи на излезот од штипското село Лакавица на магистралниот пат Штип-Радовиш. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова по извршениот увид рече дека утринава околу 6 часот и 40 автомобил марка „Фолксваген Шаран“ од засега неразјаснети причини излетал од коловозот. Возилото го управувал 41-годишен возач, кој превезувал уште тројца патници.
- На самото место на незгодата, животот го загубиле двајцата сопатници во возилото, на возраст од 55 и 50 години и двајцата од село Радибуш, Кривопаланечко, вели Панајотова.
Телата на починатите се предадени на обдукција. Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди, а третиот сопатник со тешки повреди е пренесен во штипската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите, лекарите го упатиле на понатамошно лекување во скопскиот Клинички центар. Жителите на штипското село Лакавица низ кој поминува и магистралниот пат Штип-Радовиш велат дека на оваа делница се вози пребрзо во однос на тоа што го дозволуваат условите на патот и сообраќајната сигнализација.
- Овде на знакот пишува да се вози 50 км/ч, а се вози 150. Потребни се почести контроли, но контролите да бидат најповеќе на кривините како предупредување за возачите рече Владо Петров жител на село Лакавица, додаде жител на село Лакавица.
Свиокот на излезот од селото Лакавица е позната „црна точка“ на патот Штип-Радовиш. Според статистиката на СВР-Штип за неполни осум месеци на патиштата во источна Македонија загинаа 18 лица.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
