Македонија
24. December 2018 - 10:55

Трагедија во Прилеп: Изгоре старица (82) во пожар во својот дом

Вчера околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.

Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад.

Извршен е увид на местото на настанот.