-->
-->
Трагедија во Македонија, автобус усмрти пешак
-->

Во 05 часот и 50 минути утринава на магистралниот пат А-3 Кочани-Штип на 0,7 километри од крстосница од село Крупиште се случила сообраќајна незгода во која Автобус Евро Бус со беровски регистарски ознаки управуван од 48-годишниот М.П.удрил во пешак.
Полицијата информира дека се работи за 43-годишниот Д.М.од Ѓаковица, Косово кој живеел во Скопје.
По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Јавна здравствена установа Клиничка Болница Штип каде од здобиените тешки телесни повреди починал.
Увид на лице место по овластување на јавен обвинител е извршен од увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
