Македонија
19. October 2016 - 13:17

Трагедија во Кочани: Во пожар загина баба, дедото повреден во обид да ја спаси

Вчера околу 14,30 часот во с.Долни Подлог- кочанско од засега непознати причини настанал пожар во помошна просторија (плевна) сопственост на Д.С. (85).
 
Во помошната просторија пронајдена била почината неговата сопруга Љ.С. (84). 
 
Д.С. обидувајќи се да ја спаси Љ.С. се здобил со телесни повреди (изгореници во пределот на лицето и телото) и бил пренесен во МЦ-Кочани каде бил задржан на лекување.
 
Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица.
 
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица -Кочани.
 
Се превземаат мерки за целосно расчистување
 
на случајот.