Балкан
4. јуни 2018 - 10:49

Трагедија во Хрватска: Автомобил излета од патот, настрада фудбалер и тренер од загрепскиот клуб

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Хрватска меѓу Јастребарско и Загреб во која две лица настрадаа, играч и тренер на футсал клубот Динамо од Загреб.

Како што пренесуваат хрватските медиуми во автомобилот кој излетал од патот имало 4 лица, од кои две смртно настрадале, додека сите се повредени.

На социјалните мрежи, од футсал клубот „Динамо“ објавија дека во несреќата загинале нивниот играч и тренерот.

„Ноќеска околу 1.30 часот при враќање од турнир во Шибеник животот, за жал, го загубија младиот Оскар Кадрник и тренерот Матија Цапар. Нека почиваат во мирот Божји“, објавија од клубот на Фејсбук.