Балкан
28. September 2016 - 21:34

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена мртва жена во канал врзана за велосипед

Телото на Ана Бодо (73) од Банатска Топола кај Кикинда е пронајдено денес околу 10 часот во таканаречениот шеќерен канал кој се наоѓа покрај патот Банатска Топола за Башаида.

Се работи за жена чие исчезнување во полиција е пријавено точно пред една недела. Од тогаш трае потрагата за неа во која покрај полицијата биле вклучени и членовите на нуркачкиот клуб „Орка“ од Кикинда.

Почината поради одредени здравствени проблеми, а нејзиното тело во каналот е пронајдено врзано за велосипед. На телото нема траги на насилство, па причината за смртта, веројатно е ненамерно паѓање во каналот со велосипедот.