ТРАГЕДИЈА: Петгодишно дете се измочкало во кревет, а потоа очувот го казнил на најстрашен начин

Петгодишниот Јанис е пронајден мртов, само во гаќи покрај каналот Ел си ла Лиса во Франција, откако очувот го претепал и го натерал таков да трча по ладното време надвор.
А се поради тоа што детето се измочкало во креветот.
Кога го пронашле тој имал повеќе повреди на главата и искршен нос.
30 годишниот очув и 22 годишната мајка биле приведени од полицјата поради сомневање дека подолго време го злоставувале детето.
Првите информации говорат дека детето починало поради срцев застој.

Обвинителот Патрик Лелу кажа дека очувот го приморал детето да трча по стазата долга неколку километри, додека го прател со велосипед. Детето после било пронајдено онесвестено со повреди на главата.
Наводно, очувот и мајката во пријавиле случајот во полиција кога го „пронашле“ 200 метри од куќата.
Парот се венчал во 2015 година и го имале само малиот Јанис.
Ново на Сител
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
