Балкан
20. јуни 2017 - 16:04

ТРАГЕДИЈА: Јован загина во страшна сообраќајна несреќа - другарите од шок завршија на инфузија

Младо момче загина во страшна сообраќајна несреќа викендов во Србија, а неговите другари од шок завршија на инфузија. Велат, беше прав другар, каков што денес ретко ќе се најде.

Младиот 21-годишен Јован Тесиќ кој во саботата со автомобил Опел излета од пат, за жал загина на лице место. Несреќата се случи во 4 часот и 50 минути, кога тој се враќал од град дома.

- Останав во шок кога ми се јави другар да ми каже дека рано утрото тој починал, рекоа излетал од пат, не знам што се случило. Тој беше добро момче, добар пријател и добар возач, не ни е јасно што се случило, вели потресен пријател на Јован.

Вели тој возел камион како и неговиот татко, бил професионален возач, па несреќата била чудна.

Семејството на момчето е скршено.