Трагедија: Ја убил жената додека во раце го држела нивното бебе

Мухамед Емини (27) од Зрењанин ја убил Везира Салихи (30) со која имал петмесечна ќерка, а потоа извршил самоубиство. Злосторството се случило во вторникот околу 20 часот во населбата Дудара.
Според првичните сознанија, мотив за страотното злостроство е болна љубомора. Емини упаднал во куќата на своите први соседи и на сопругата и пукал во глава, додека во раце ја држела нивната ќерка во својата куќа и се убил со истрел од пиштол
-Емини до пред две години живеел со друга жена со која има четири деца, а таа го напуштила и му ги оставила децата. Везира живеела со своето семејство 15 метри од неговата куќа. Откако знам тој беа вљубен во неа, вели соседот Амето.
Тој додава дека Емини бил со Везира последните година дена, но таа го напуштила пред три недели.
-Си го зеде детето и се врати кај родителите и браќата. Емини одеше таму, купуваше пелени за бебето и бараше таа да му се врати. Во вторникот дозна дека Везира со детето е кај соседката, зеде пиштол и отиде таму, вели соседот.
Откако ја убил жената Емини отрчал во војата куќа во која живеел со мајката и четирите малолетни деца од првиот брак.
-Најстарата ќерка која има 9 години, слушнала дека се вратил таткото. Во моментот кога сакала да влезе во собата тој си пукал во глава. Имало крв на сите страни, а несреќното дете почнало да вреска. И таа била целата крвава. Пострашно ништо не сум видел, вели соседот Амето.
Многу ја сакаше
И покрај тоа што го направи, соседите за Мухамед зборуваат се најдобро.
- Знам дека многу ја сакаше Везира, и дека и таа го сакаше. Првата жена му остави 4 деца, за кои мораше да се грижи. Никогаш не викаше по нив и не беше насилен. Никогаш не кренал рака на Везира. Незнам од каде му е пиштолот, вели соседката Уснија.
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење



