Живот
13. May 2016 - 18:59

Трагедија: ИД нападна фан клуб на Реал Мадрид масакрирани 14 фанови

Четиринаесет фанови на Реал Мадрид, членови на фан клуб во Ирак, се масакрирани од страна на терористите од Исламска држава, пренесе шпанскиот весник АС. 

Нападот се случил во седиштето на клубот во Багдад, кога мажи вооружени со калашњикови упаднале во зградата во која имало околу 50 луѓе.

Се верува дека има најмалку 14 мртви и повеќе од 20 повредени.

Во изјава за АС, Претседателот на клубот рече:

- Група терористи од ИД дојдоа во кафулето, вооружени со АК-47, пукајќи кон сите што беа внатре.

За мотивите на нападот, претседателот тврди дека терористите не го сакаат фудбалот.

- Тие не го сакаат фудбалот, мислат дека е анти-муслимански. Тие само извршуваат вакви напади. Ова е ужасна трагедија, рече тој.