-->
-->
Трагедија: Гром усмрти овчар и 13 овци на Шар планина
-->

Од удар на гром синоќа на Шар планина погина еден овчар, соопшти косовската полиција, а пренесе РТК2.
Портпаролот на косовската полиција во Призрен, Хазир Бериша, изјави дека полицијата во овој град добила информација дека во средата во планината во околина на селото Куклибег, во општина Драгаш, од удар на гром погинал овчар.
Громот на лице место убил и 13 овци.
Бериша рече дека синоќа околу 21 часот братот на погинатиот ја информирал полицијата за несреќата.
Според портпаролот, по приемот на информацијата единици на полицијата и на итната медицинска помош излегле на терен и го потврдиле случајот, а за настанот е информиран и државниот обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
