Македонија
24. July 2016 - 12:10

Трагедија: Битолчанец пронајден мртов во својот дом

Б.Д. (53) од Битола е пронајден мртов вчера попладне, околу 17 часот, во неговиот дом, соопшти полицијата.

Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од СВР-Битола, а јавен обвинител наредил обдукција врз телото на починатиот.