Трагедија: Автобус со македонски туристи се заби во шлепер -има мртви и повредени
Најмалку еден загинал, а 38 патници меѓу кои и двајцата возачи се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случула ноќеска во Турција кога македонски автобус полн со туристи се судрил со камион, јавуваат турските медиуми. Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.
Повредените патници биле префрлени на лекување во најблиската болница во Малкара, а тие што минале со полесни повреди останале на местото на несреќата. Една жена била заробена меѓу седиштата од автобусот кој пак останал заглавен во шлеперот. Таа со тешки повреди на екстремитетите била пренесена во државната болница во Кашан. Според информациите на турските медиуми, жената останала без двете нозе и се наоѓа во животна опасност. Во тешка здравствена состојба биле уште најмалку тројца патници.
Во автобусот имало двајца возачи и 39 патници. Несреќата се случила откако автобусот удрил од зади во шлеперот. Причината за несреќата се уште не е позната.









Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп

