Трагедија: 22 годишно момче загина од струен удар
Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар.
Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник.
– Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увидот е во тек со учество на Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Ново на Сител
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек