Трагедија: 13-годишно дете се обеси зошто паднал на поправен
М.Т. (13) се обесил со кабел на поткровјето од семејната куќа во село Жељуша кај Димитровград.
Телото на момчето е испратено на обдукција за да се утврди дали случајно се обесил во текот на игра или станува збор за самоубиство.
Сами дома
Сестрата на Милан била сведок на несреќата.
-Момчето и девојчето биле сами дома, па тој и рекол на сестрата дека оди да ги нахрани гулабите. Се качил на скалите, си врзал кабел околу вратот, меѓутоа изгледа дека тие паднале и детето се обесило, вели извор за српски Курир.
Соговорникот наведува дека детето давало знаци на живот кога сестрата го пронашла.
-Таа мислела дека братот со неа се шегува, но кога му се доближила видела дека се гуши. Девојчето се исплашило и веднаш повикало Брза помош. Иако реакцијата на дежурните служби била брза, детето спак починало, додава соговорникот.
За случајот веднаш е известена полицијата и обвинителството.
-Извршен е увид, а по обдукцијата ќе биде познато што се случило со детето. Во моментот на несреќата неговите родители биле во селото, но се појавиле во куќата откако дознале за трагедијата, вели изворот.
Се самоубил поради поправниот?
Во ова мирно село по незапаметената трагедија кружат две верзии за овој ужасен настан.
-Во почетокот сите зборуваа дека детето се обесило играјќи, и дека случајно му паднале скалите. Меѓутоа подоцна почнаа да зборуваат дека детето паднало на поправен испит и дека тоа наводно го навело на самоубиство.
Оваа втора варијанта е помалку веројатна, зошто родителите не го притискале да биде одличен ученик, ниту пак го казнувале, тврдат соседите на несреќното семејство. За семејството на настраданото дете мештаните имаат само пофални зборови.
-Тоа е прекрасно мирно семејство. Мајка му е вработена во центарот на селото, а таткото многу е вреден. Беше момче за пример, пример на своите деца. Не можеме да поверуваме што се случи и дека вакво дете повеќе нема. Семејството занеме од шокот откако се случи ова. Итната помош мораше да интервенира два пати зошто на родителите на детето им се слоши, велат соседите.
Инаку, оваа трагедија не е прва во Димитровград. Минатата година 12-годишно девојче изврши самоубиство со бесење во семејната куќата. Се обесила во собата со лентата од ролетните. Била одличен ученик во петто одделение.
Ново на Сител
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана