Трае предистрагата за Онкологија, пацинетките најупорно бараат правда
Одговорност, вистина и детална проверка на истории на болни очекуваат онколошките пациенти како епилог на скандалот на Онкологија. Тоа го соопштиле и на денешната средба во Обвинителството каде им кажале дека поради обемноста на доказните материјали постапката ја водат двајца обвинители.
Кој си поигрувал со последната надеж на лицата со рак, дали има препродажба на скапа терапија и колку години траел тој криминал се стравувањата и сомнежите за кој засега нема одговори.
- Она што го побараа од нас и што е најбитно за јавноста, е секој кој има проблем или се сомнева во земањето и третманот не денес, не годинава туку години наназад, да се обрати во обвинителството или нека не побара нас онколошките пациенти за да знаат обвинителите накаде да тераат, вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.
Онколошките пациенти бараат по случаен избор дел од нив да имаат континуиран увид во истрагата, бидејќи што поскоро мора сите да ја знаат вистината. Причината е напишана на еден од нивните транспаренти – болните од рак нема да ви простат пак.
- Се уште сме потресени, гневни, јас чично не се согласувам со тоа што го кажува директорката на Онкологија од ноември навака се е во ред? Зошто а што со тие предс тоа, вели Анжелика Колева, онколошки пациент.
Изминатите денови се слушнаа многу потресни сведоштва, судбини и солзи по изгубените блиски. И пациентите и семејствата бараат правда, но без мешање на политиката.
- Протестите ќе продолжат, но се оградуваме од говоро на омраза, политика, ракот зема замав да се посветиме на тоа да има подобри услови за пациентите а партиите нека се држат на страна, вели Вања Мицевска, онколошки пациент.
Инаку и лекарите како и пациентите очекуваат што побрзо утврдување на вистината.
- Мора да се знае и да се тргне оваа дамка врз здравствените работници, да се откријат виновниците, вели д-р Игор Николов –Клиника за Нефрологија.
За сестрата обвинета за кражба на цитостатици која доби и отказ од Онкологија има друга постапка во Обвинителството. Но таа не се појавила на распитот на кој била повикана.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
