Традиционално сечење бадникови гранчиња на падините на Водно
Одборот за прослава на Бадник 2024 денеска напладне на месноста Говрлевска Краста на падините на Водно ќе го организира традиционалното сечење бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар годинава е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.
Сечењето на гранчињата ќе почне напладне со пречек на Кумот и Здравичарот и на официјалните гости, кои ќе заиграат македонско оро на музика на оркестар од трубачи.
-Потоа следува церемонија на засадување млади бадникови стебла, што е задача на новиот Кум и Здравичар, и на крајот од церемонијата Кумот и Здравичарот го кршат лебот на софрата на која ќе продолжи дружбата со риба и чашка пијалак, придружено со звуците на трубите и тапанот, соопшти Одборот за традиционална прослава на Бадник.
Ново на Сител
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
