Традиционално одгледување на македонската медоносна пчела во трмки
Технологијата на пчеларење во трмки не се променил уште од времето на фараоните. Денес во Македонија се применува многу малку, за да се зачува традицијата.
Пчеларењето во трмки е нерентабилно и економски неисплатливо, но на пчелите им го овозможува најрпиродниот амбиент за живеење, во фрома на конус. Тие не се прихрануваат, ниту се заштитуваат од болести со какви било хемиски препарати.
Како што вели Нацо Јовчевски, член на президиумот МакБи и еден од ретките одгледувачи на пчели во трмки кај нас, годишниот принос од трмката е два до четири килограми мед.
- Пчеларењето во трмки е многу поедноставен од современиот, но економски нерентабилен. Но затоа, пчелите цела година живеат во природен амбиент, во благостсотојба што им е овозможена од приливот на нектар, бидејќи матицата го развива семејството само толку колку што може да се обезбеди храна во природата, објаснува Јовчевски.
Основна задача на пчеларот е да ја направи трмката и да го истресе ројот пчели во неа. Ројот истресен во трмката почнува интензивно да гради природно саке на седум до девет сота бидејќи во него има голем број млади пчели кои со огромна брзина го пополнуваат целиот простор со саке и пчели.
Според Јовчевски, во таква трмка годишно може да излезат три до пет роеви без интервенција на пчеларот. Матицата и пчелите се во постојана работна атмосфера и семејството достигнува брз растеж. Добиениот мед од трмката се сече со специјален нож од два до четири сота по запечатување со восочни капачки.
- Бидејќи имаме неколки роеви во текот на пролетта кои се случуваат еден по друг, драстично се намалува бројот на вароата во семејството. Дното на трмката е отворено, а ѕидовите се порозни па затоа има одлична вентилација која ги намалува ризиците од другите болести. Како што се намалува бројот на пчелите во зима, тие се движат од дното на трмката нагоре и секогаш имаат на дофат мед и перга. Конусот овозможува семејството секогаш лесно да се придвижува кон храната и да ја одржува оптиманлата температура во ценатрот на клубето и во неговите краеви, дополнува младиот пчелар.
Семејството во трмката може дополнително да се заштити од крлеж со екстракт од мајчина душичка (тимол) во пролет.
- Производството на мед во трмки датира од времето на фараоните. На камените ѕидови во пирамидите може да се видат слики за технологијата на пчеларење во трмки. До денес оваа технологија не претрпела измени бидејќи трмките се прават од истиот материјал - гранки од врба, пофит или други дрвенести растенија кои се еластични и може да се плетат во вид на конус, истакнува Јовчевски.
Според него, трмките се конуси со димензија од 40 до 50 сантиметри во основата. Се мачкаат од надворешната страна со говедски измет (балега) која претходно се замесува со плева од жито и кал, а во поново време и со гасена вар. Откако трмката ќе се исуши во сенка, се појавуваат пукнатини кои се пополнуваат со чиста балега. Врз трмката се плете изолација која е исто така од природен материјал - див рж, речен шамак или рогоз. Оваа изолација се стега со плетени колани од пофит.
- Пред да се наполни трмката со пчели се мачка со маточина (челок) и мед и во неа најчесто се истресува природно излезен рој кој е закачен на некоја гранка, вели Јовчевски.
Поради нерентабилноста, пчеларењето во трмка се напушта и е во изумирање. Се повеќе се користат современи пчелни живеалишта, хемиски препарарти и отрови за заштита од болести. - Пчеларите се повеќе им го одземаат природниот мед на пчелите, ги хранат со пченкарна гликоза што придонесува за намалување на квалитетот на медот и гибење на имунолошката способност на пчелите кои стануваат понеотпорни на болести, посочува Јовчевски.
Тој беше член на македонската делегација на свесткиот саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо што се одржа од 22 до 26 септември во Торино, Италија. Јовчевски беше еден од осумте производители од цел свет кои официјално ја отворија манифестацијата, а имаше и презентација за традиционалното одгледување на македонската медоносна пчела во трмки.
Президиумот МакБи, како што информира Јовчевски, работи на зачувување на Македонската медоносна пчела Apis mellifera macedonica која е автохтон подвид (раса). Пчелата е под специјална законска заштита што овозможува континуираа контрола на нејзината подвидова чистота која може значиетлно да биде загрозена ако се одгледуваат пчелни семејства и матици од дуги неавтохтони видови.
Покрај генетските истражувања што ги спроведува МакБи со поддршка на Факултетот за земјоделски науки и храна, за заштита на македонската автохтона пчела се преземаат и низа сдруги активности.
- Неопходни се едукација на одгледувачите за основните морфолошки и етолошки карактеристики, создавање практика на замена на матици во семејства во кои е евидентно присуството на неавтохтони видови, одгледување пчелни семејства со матици произведени од локални генотипови на A. m. macedonica, како и одбирање локални генотипови за некомерцијално производство на следна генерација матици од A. m. macedonica со супериорни перформанси во однос на виталноста и економски битните карактерситики, нагласува Јовчевски.
Ново на Сител
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала