-->
-->
Традиционално: ДУИ слави со рафали во Чаир
-->
Десетина луѓе со пиштоли и со истрели во воздух славеа на плоштадот Скендер-бег на влезот во скопската Чаршија каде се наоѓа штабот на кандидатот на ДУИ Висар Ганиу. Според партиски извори од штабот, Ганиу победил со над илјада гласови разлика иако во тој момент (околу 21 часот), според пребројаните резултати на ДИК се уште беше тесно и кандидатите се сменуваа во водство.
Прв се обрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека со победата на Ганиу се покажало дека Чаир е бастион на ДУИ. Ганиу пак се заблагодари на сите што гласале за него и на сите организации, групи и поединци кои му помогнале во кампањата.
Пред да зборуваат двајцата, десетина од славениците на победата на Ганиу и на ДУИ испукаа цели шаржери во вовоздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата. Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога