Традиционалната наградата за најдобар научен труд од областа на медицинските науки за Доц. д-р Владимир Рендевски

Наградата ,,Проф. д-р Епса Урумова“ за најдобар научен труд од областа на медицинските науки за 2022 год, што секоја година на иницијатива на семејството Урумови, ја распишува Медицинскиот факултет Скопје, оваа година ја добија групата научни работници од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје во состав: Владимир Рендевски, Борис Алексовски, Ана Михајловска Рендевска, Никола Хаџи-Петрушев, Ненси Манушева, Благој Шунтов и Ицко Ѓоргоски, за научниот труд: Воспалителни и оксидативни стрес-маркери во интрацеребралната хеморагија: релевантност како прогностички маркери за квантификација на волуменот на едемот.

Ова научно истражување минатата година беше објавено во реномираното меѓународно медицинско списание Brain Pathology со фактор на влијание 9,011, а се однесува на создавање на матемачки модел со кој се предвидува волуменот на едемот (отокот) на мозокот што се формира по 4-5 дена од настанување на хеморагичниот мозочен удар, врз база на одредени биолошки молекули од крвта кај пациентот.

Наградата ја врачи Проф. д-р Виктор Урумов, а на свеченоста присустуваа Деканот на Медицинскиот факултет Скопје Проф. д-р Светозар Антовиќ, продеканите на Медицинскиот факултет, претходниот Ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил Методиј“ Скопје, Проф. д-р Никола Јанкуловски, како и други медицински работници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
