Македонија
19. January 2022 - 16:34

Традиционална пивтијада во Автокоманда

Традиционален рецепт кој се пренесува од генерација на генерација,а за кој освен желба да се научи како се подготвува ,потребно е и љубов и внимание. Освен вообичаените состојки кои се неопходни за да се подготви пивтија, може да се користат и дополнителни, кои ќе го направат вкусот уште поубав. Како ова традиционално јадење да биде уште повкусно, најубаво знае 33 годишната домаќинка Моника Ивановска од Гази Баба, која годинава за прв се натпреварува за најубаво направена и декорирана пивтија.

На плоштадот во Автокоманда каде традиционало  за Водици, домаќинките се натпреваруваат која ќе направи поубава пивтија, имаше и многу граѓани, кои дојдоа да си купат,  но и да наздрават во име на празникот.

Освен културен, манифестацијата има и хуманитарен карактер. Парите собрани од продажба на пивтиите ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести.