Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
Полицијата ги засилува активностите пред новогодишните празници. Презема превентивни мерки и консултации со граѓаните за што помало користење пиротехнички средства, но засилено е и нејзиното присуството во трговските центри, како и сите останати места каде има зголемена фреквенција на движење, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски, кој го посети пунктот на обезбедувањето пред Сити мол, рече дека минатата недела во Скопје се одземени 30 000 - 40 000 пиротехнички средства. Вакви акции имало и во Валандово, Свети Николе,..., при што се поднесени соодветни пријави.
- Присутни сме на терен, обезбедувањето комуницира со луѓето, ги следиме состојбите,.. Сите овие превентивни дејства се преземаат за што побрзо откривање каков било криминалитет, тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва,..., рече Тошковски.
Во врска со синоќешните инциденти што денеска ги објави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски дека малолетници во Капиштец палеле петарди, Тошковски истакна дека ова не е прв случај.
- Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се поставува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно. Мора и родителите да поведат сметка, порача министерот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-
Уапсен кумановец, возел со 1.80 промили алкохол во крвта
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење