Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани

Девет човечки животи се спасени во тест периодот на „Безбеден град“, споредено со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче.
На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот, нагласувајќи дека од иплементацијата на проектот, заслуга на македонските граѓани било токму спасените девет човечки животи.
- Во тест периодот имаме две сообреќајни незгоди, со смртни случаи, односно два смртни случаи. Девет помалку, компаративно со минатата година. Само во тест периодот, без казни. И тоа е заслуга на македонските граѓани, на сите оние кои што управуваат моторни возила на територија на СВР Скопје и оние кои што идат од Гостивар, Велес и ние кои што живеат во Скопје и управуваат моторно возило, рече Тошковски.
На пратеникот му порача дека треба да говорат за такви проекти во кои се спасуваат човечки животи и кои ќе им помогнат на сите македонски граѓани.
- И за разлика од вас, јас по не знам кој пат, освен Албанците и албанскиот јазик, ќе ги кажам Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и сите останати убави македонски граѓани што живаат во оваа убава Македонија. Еднаш излезете на говорницата ве молам и кажете ги сите македонски граѓани и да важи за сите македонски граѓани, а не само за едни од македонските граѓани, истакна Тошковски.
Тој подвлече дека албанскиот јазик ќе биде употребен согласно закон и сите акти кои ќе излезат од Министерството за внатрешни работи ќе бидат согласно закон.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
