Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.
Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.
-За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба, го гледа тоа, го чувствува – рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.
Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.
– Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има, и постапуваме, и ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста, во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела – подвлече министерот Тошковски, додавајќи дека сепак, ова не е „боцни прачка, пиј вино“.
-Ве уверувам дека како и за сите предмети, нема да оставиме под знак прашање ниту еден предмет, ќе постапиме како во секоја европска држава, рече Тошковски
Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември