Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.
-Одговорив и во текот на вчерашниот ден во однос на сите оние детали кои што требаше да се соопштат со јавноста, а за кои што јас сум запознаен. МВР има свои сектори и оддели. Ги повикувам и Јавното обвинителство и сите останати институции и одделите во рамки на МВР да го истражат не само овој тендер, туку сите останати тендери, каде што има какви било индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост, рече Тошковски одговорајќи на новинарско прашање во врска со информациите дека модно студио од Битола ќе добие тендер за набавка на униформи.
Тој денеска за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Брвеница, посочи дека МВР презело се што треба да се преземе, побарало соодветен квалитет да биде исполнет од страна на фирмите во делот на униформите. Како што појасни, одредени услови кои што се побарани во рамки на тендерската документација, а се поврзани со квалитетот на униформите, се исполнети од страна на фирмите. Досега, како што рече, не е нарачана ниту една униформа и не е склучена ниту една договорна нарачка и додаде дека ова е рамковна спогодба која што е склучена, и треба да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес.
-Работата на министерот за внатрешни работи во рамки на неговата позиционираност како делот во владата македонска е јасна. Јас го преземам она кое што треба да го преземам, да се грижам за спроведување и имплементирање на сите оние проекти кои што се од интерес за македонските граѓани, така и ќе продолжам и во иднина. Во однос на она кое што треба да се преземе како Министерство, ве уверувам дека ќе биде преземено како од страна на МВР, така и од страна на сите оние органи кои што треба да си ја сработата работата, рече Тошковски.
Прашан дали е точно дека сопственичката на модното студио во Битола е блиска пријателка на неговата сопруга, тој одговори дека не знае кој е сопственик на студиото и не верува дека кој и да е сопственик е блиска пријателка на неговата сопруга.
-Ниту знам кој е сопственик на модно студио, ниту верувам дека кој и да е сопственик е блиска пријателка на мојата сопруга. Од прашањето што ми го поставувате народот многу добро ќе сфати дека ова е само една од хајките кои што се прават против мене. До сега не верувам дека во историја на Македонија имало две интерпелации за три месеци. против кој било политичар, додаде Тошковски.
На новинарско прашање дали ќе се преземат одредени активности во врска со сомнежи дека постои сива економија на автопатот Тетово-Скопје, Тошковски одговори дека ќе биде информиран за случајот и потоа ќе соопшти детали.
-МВР, како што покажа дека во изминатиов период може да се бори против криминал така ќе покаже и во иднина. Ќе бидам информиран и ќе соопштам детали во јавноста поврзани со истата, рече Тошковски.
Ново на Сител
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО