Тошковски: Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови
Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на новинарско прашање околу најавата за постапка против поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши за незаконско распоредување на 189 вработени.
- Факт е дека Антикорупциска комисија утврди во рамки на нивните процесни надлежности, незаконитост во постапувањата на заменик-министерот за временскиот интервал којшто беше по завршување официјално на изборниот процес се до именување на нови членови во рамките на Владата. Од страна на МВР ќе биде постапено согласно закон и ќе се процесуираат сите оние решенија кои во предметниот временски интервал не смееле да бидат донесени од страна на оној којшто ги донел, рече Тошковски.
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), на седницата минатата недела утврди дека заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.
Претседателка Татјана Димитровска тогаш најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер.
Ново на Сител
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава