Македонија
15. September 2025 - 12:09

Тошковски: Ја засилуваме превенцијата

Минитерот за внатрешни работи утрово апелираше до сите надлежни институции да ги засилат превентивните мерки во насока на заштита од подметнување на пожари.

Рече дека полицијата ги засилува своите активности во делот на обезбедување на критичните точки а во тоа се вклучуваат и неколку државни институции како и Агенцијата за национална безбедност.

Тошковски уверува дека полицијата во овој момент ги презема сите законски мерки.