Тошковски ги демантира обвинувањата од СДСМ
Преку писемно соопштение адвокатот Тошковски вели дека изнесените тврдења се целосно неточни, измислени и манипулативни.
- Различни сме. Мене адвокатурата ми е професија од која егзистирам, а вам криминалот ви е професија од која се богатите на грбот на чесните граѓани.
Вистината е дека се работи за склучени потполно два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Впрочем тоа е договорот по кој работев како адвокат до пред 6 месеци, длабоко во мандатот кога Заев е премиер. Сигурен сум дека ако имало барем тронка неправилност, тронка нарушување на процедурите, СДСМ со нејзините алатки во правосудството немаше да жали средства да направи прогон и за овој случај, a и нема да ме чуди направат монтажа како што тоа го прават редовно и често, но залудно. Доколку имаат некакви забелешки следниот пат го поканувам господинот Костадинов истите да ги адресира до неговиот шеф и доскорешен премиер Зоран Заев, вели Тошковски преку писмено соопштение
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени