Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024

Денеска на 6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари. Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската професија и благородноста на повикот да се работи за својата држава, своите граѓани и нивната безбедност и сигурност. Исто така, со покачувањето на платата од 10% за сите вработени во МВР кое се реализираше овој месец, направивме чекор кон подигнување на социјалниот статус на полициските службеници бидејќи само задоволни полициски службеници можат да бидат вистински столб на безбедноста на граѓаните и државата, напиша Тошковски во својата објава.
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
