Торнадо над Рим, Колосеумот под вода

Силен ветар проследен со бура и торнадо „прелета“ над Рим, а според првичните информации, освен големата материјална штета во градот има и жртви.
Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим, погина едно лице, а десетина се повредени.
Според извештаите, погининатиот е 47-годишен Индиец врз кого паднал дел од зграда.
Уште еден маж се наоѓа во критична состојба откако врз него паднал прозорец.
Уништени се продавници и јавното осветлување, урнати се стебла од дрвја. Падната е и платформа од железничка станица заради што е блокирана пругата и целиот сообраќај. Пожарникарите имале неколку стотици интервенции, пренесува „Јутарњи лист“.
Паднат е и дел од осумкатна зграда во самиот центар на Рим.
Жителите се евакуирани, а спасени се петнаесетина семејства, пишува весникот „Месаџеро“.
Во населбата Чезано, на крајниот север од Рим, торнадото ја предизвикало смртта на пензиониран војник, врз чиј автомобил паднало стебло.
Разорниот ветар предизвикал големи штети, летале покриви, надстрешници, а паѓале и ѕидови...
Во главниот град на Италија и прочуениот Колосеум се најде под вода.
Ново на Сител
-

Полицаец фатен во див лов, пукал во забранета зона со двајца пријатели
-

Кривична пријава за жител на село Скудриње за вршење јавен превоз без поседување лиценца
-

Македонска пошта: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран
-

Герасимовски: 10 000 денари субвенција за обука и полагање возачки испит за младите од Центар
-

„Оне Македонија“ доби лицeнцa за трет мoбилен оператоp, очекува сериозен удел на пазарот
-

Променливо време со дожд и снег, пообилни врнежи се очекуваат во понеделник
-

Алиу: МЗ останува посветено на следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина
-

Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас
