Македонија
22. July 2016 - 10:27

„Топол културен бран“ во Могила од 25-ти до 30 јули

Општина Могила ја утврди програмата што ќе се реализира во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“. Од општината информираат дека таа ќе почне на 25 јули и се планирани бесплатно летно кино, изложба и концерти на новоотворената летна сцена. 

Во соработка со НУ Центар за култура-Битола од 25-ти до 30 јули на летната сцена пред ОУ „Гоце Делчев“-Могила ќе бидат прикажани пет кино претстави, на 27 јули во соработка со Детско ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола ќе биде отворена изложба со избрани дела од меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, а на 29 јули во Могила ќе настапат ансамбли и културно-уметнички друштва кои ќе учествуваат на годинашниот фестивал „Илинденски денови“.

- Со овие активности и неодамнешниот фолклорен фестивал на познати дуети, успеваме да приредиме пријатно културно лето за нашите сограѓани, информира Општина Могила.