Топлото време критично за есенската сеидба
Надпросечно високите температури за овој период од годината што ја зафатија Македонија може да ја доведат во прашање есенската сеидба зашто почвата нема доволно влага. И она малку што беше апсорбирано од последните врнежи, велат агорметеоролозите, можно е да испари.
За останатите култури топлото време не е критично, ниту се ризични студените утра и ноќи зашто мраз нема. Дури за некои, како градинарските растенија на отворено, пиперки, карфиол, зелка, кељ, кои засега функционираат без пробем, повисоките температури се добродојдени.
- Отежнати се условите за сеидба на есенските култури, може да се рече и дека сеидбата е доведена во прашање. Почвата е сува, високите температури нагло ја дехидрираат па и тоа што поникнало може да се исуши. Посебно е критична состојбата во Пелагонија и Овче поле. Таму веќе има проблем, изјави Ангелко Ангелески од УХМР.
Кај овошките и лозјето, рече, листовите се уште не се паднати и не може да се размислува за нови садници, а бидејќи нема мраз, нема ни оштетувања.
Според Ангелески, уште една недела се очекуваат вакви температури, но, сега е рано да се предвидат евентуални последици од нагло заладување.
Ново на Сител
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир