Loading Video...
Бизнис
16. May 2019 - 22:01

Топлата зима ги намали сметките за парно

Поради топлата зима поголем дел од граѓаните во следните месеци ќе добијат пониски сметки за парно. Иако грејната сезона траеше 6 дена повеќе,  високите температури во зисмкито период  ја намалија испораката на толинска енергија поради што се очекува дел од  потрошувачите  за  мај јуни и јули кога се врши порамнувањето да добијат пониски факутири.

Потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки добиваат податок за потрошената топлинска енергија. Доколку при порамнувањето се утврди дека реалниот надоместок е повисок од надоместокот што авансно е пресметан, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија и ангажираната моќност, тогаш разликата ќе му биде вратена на неговата трансакциска сметка, доколку нема заостанати долгови, се вели во дописот од БЕГ.

Од БЕГ апелираат граѓаните  во следниот период  да направат и проверка на своите внатрешни инсталкации за да не се соочат со проблеми кога ќе почне новата грејна сезона.

Пред извесно време регулаторна донесе одлука од април  исклчените од парно повеќе да не плаќаат паушал, освен за празните станови.

Според новите правила во идина оној кој ќе сака да се исклучи од мрежата ќе треба да обезбеди согласност од 50 отсто од станарите во зградата, да изготви и елаборат со кој ќе докаже дека новиот начин на греење што ќе го користи ќе биде поевикасен.

Нова корекција на цената на парното ќе има во август. Во оментов на градско парно се приклучени  над 50 илјади домаќинства.