Бизнис
22. November 2022 - 16:30

Топлана Север работи на мазут - дозвола дал градот Скопје

Владина помош за топланата Скопје Север ќе има  ако прифати една од понудените опции –  договор за техничка соработка или договор за закуп. Во првиот случај ЕСМ ќе набавува гас за нив, но топланата мора да гарантира со имотот дека ќе ги врати долгот. Во вториот случај – ако склучи договор за закуп,  ЕСМ ќе стопанисува со топланата како што направи со топланите Исток и Запад. Што е прифатливо, од раководството на Скопје Север, која поради недостиг на финансии почна да грее и на мазут, за сега нема одговор.

Првиот човек на Скопје Север, Рамадани, за Сител вели дека најдобра опција е топланата да си остане да работи како до сега, а владата да и помогне. Ако се издаде под закуп, ќе бараат гаранации што ќе се прави со вработените од оваа топланата. Инаку, за да заштеди, Рамадани вели дека неделава добиле дозвола од градот Скопје да користат алтернативно горива, односно мазут.

Зошто и по кој основ издале дозвола, одговор од градот не добивме.

Министерот за животна средина вели дека и тие побарале образложение зошто им дале дозвола, кога гас има на пазрот и што е со мерењата на загадувањето, но документацијата од градот Скопје се уште не ја добиле. Мерењата на загадувањето на воздухот законски ги прави тој што ја издал дозволата, во случајот градот Скопје. Рамадани вели дека веќе е извршено мерења, а резултатите колку загадува мазутот, ќе бидат познати до петок.