Топ десет „даночни раеви“ во светот
Откривањето на над 11 милиони документи на панамската компанија „Мосак Фонсека“ ја актуелизира приказната за „даночните раеви“ низ светот во кои моќните и богатите ги кријат своите пари.
Откривањето на тајните документи на компанијата од Панама покажува како оваа адвокатска фирма цели 40 години им помагала на клиентите да перат пари и да избегуваат плаќање на данок.
Последните анализи за информациите од 210.000 компании покажуваат дека „Мосак Фонсека“ соработувала и основала офшор фирми и на лицата кои се наоѓале под меѓународни санкции.
Еден од најпопуларните „даночни раеви “се Британските Девствени Острови каде се регистрирани 113.000 офшор компании, на второ место е Панама со 48.000 компании, а на трето Бахамите со околу 16.000 компании.
Експертите наведуваат дека работењето преку офшор компании е целосно легално, но дека често богаташите ја користат оваа структура за да ги скријат вистинските сопственици и имотот, да спроведат тајна парична трансакција, да избегнат плаќање на данок и да перат пари.
Посебно е проблематично тоа што е тешко да се утврди кои се вистинските сопственици на овие компании, бидејќи тие се кријат зад агентот кој ја основа фирмата.
Адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ од Панама е една од најголемите агенција за основање на фиктивни фирми и има повеќе од 30 подружници низ светот.
Десетте најпопуларни „даночни раеви“ се:
1. Британски Девствени Острови (број на компании: 113.648)
2. Панама (број на компании: 48.360)
3. Бахами (број на компании: 15.915)
4. Сејшели (број на компании: 15.182)
5. Ниуе (број на компании: 9.611)
6. Самоа (број на компании: 5.307)
7. Ангуиља (број на компании: 3.253)
8. Невада (број на компании: 1.260)
9. Хонг Конг (број на компании: 452)
10.Велика Британија (број на компании: 148).
Ново на Сител
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање