-->
-->
Тони Цетински ослободен од вината - пејачот не е виновен за несреќата во која почина човек
-->
Ослободен од обвинението е хрватскиот пејач Тони Цетински, ова е одлуката која денеска беше донесена во судот во Пазин откако познатиот пејач беше обвинет дека предизвикал сообраќајна несреќа во која почина Ибрахим Кевљанин (62) од Ровињ, пишуваат хрватските медиуми.Според објавите на хравтските портали, несреќата се случила на 3 ноември 2017 година во Ровињ. Цетински со својот автомобил, марка „мерцедес“ налетал на човек кој лежел на патот, го прегазил и сето тоа завршило со смртта на Кевљанин.
Двајца судски вештаци дадоа мислење на судењето и беше утврдено дека Тони не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата.
Речиси сите испитани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна и непрегледна, особено завојот каде што се случила несреќата, дека во моментот на несреќата немало знак за ограничување на брзината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
