Томпсон: „Тесла“ е на раб на банкрот, за четири месеци ќе банкротира
- Американската компанија за електрични автомобили „Тесла“ ќе банкротира во рок од четири месеци, освен ако главниот извршен директор Елом Маск „не излече ас од ракавот“, предупредува директорот на хеџ фондот „Вилис Капитал“, Џон Томпсон.
- Компаниите еднаш мора да профитираат, а јас не гледам дека тоа се случува овде, посочи Томпсон, алудирајќи на извештајот за работењето на „Тесла“.
Тој управува со 25 милиони долари, и со години се обложува против производителот на електрични автомобили.
Минатиот април една акција на „Тесла“ порасна на рекордно ниво од околу 300 долари и продолжи да расте до 389,61 долари по акција. И покрај тоа фондот на Томпсон успеа да оствари добивка од 65 отсто за една година.
Акциите на „Тесла“ вчера паднаа за повеќе од осум проценти и изнесуваат 279,18 долари.
Томпсон тврди дека ако неговото предвидување се оствари, неговиот фонд би можел да се зголеми за уште 50 проценти. Тој додаде дека вложува 500.000 долари сопствени пари.
- „Тесла“, без сомнеж е на раб од стечај, се наведува во електронската пошта на Томпсон испратена до клиентите.
Тој своето тврдење го објаснува со тоа што компанијата тешко доаѓа до финансиски средства ако се земат во предвид проблемите со испорака на автомобилите од моделот 3, намалената потрошувачка за моделот С и Х, како и намалениот кредитен рејтинг од страна на агенцијата Мудис од Б минус до ЦЦЦ.
Ново на Сител
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен
-
Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
-
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
-
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“