Томески: Пожарот кај Катланово делумно ставен под контрола, нема опасност за населбата и манастирот
Пожарот кај Катланово делумно е ставен под контрола и нема опасност за населбата и манастирот, изјави за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.
- Имаше опасност по викенд населбата и манастирот „Свети Илија“, но, таму е санирано од страна на екипите од Бригадата. Пожарот беше раширен кон непристапен терен, тогаш е побарана помош од Општина Петровец, поддршка од воздух, па беа испратени два противпожарни авиона во координација со Центарот за управување со кризи, кои веќе дејствуваат на терен. Пожарот делумно е ставен под контрола. Во моментов нема опасност ниту за викенд населбата, ниту за манастирот, така што, очекуваме до крајот на денот да биде ликвидиран целосно, нагласи Томески.
Засега нема информации што е причината за пожарот.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на социјалните мрежи информираше дека во гасењето на пожарот ќе се вклучи и полициски хеликоптер.
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД