Том Круз мислел дека Никол Кидман го изневерува со Расел Кроу
Кога во 2001 година се разведуваа Никол Кидман (49) и Том Круз (54), сајантолошката заедница му помогнала на Том да ја шпионира Кидман. Круз посебно се интересирал за односот на глумицата со нејзиниот близок пријател и колега Расел Кроу (52).
- Беше опседнат со нивниот однос. Со огромна помош на сајантолошката заедница ги прислушкуваше нивните телефони и целосно го истражи животот на Кроу. Никогаш не најде докази дека биле во врска, изјави поранешниот сајентолог Марти Ретбун, кој лично му помагал на Круз во ова шпионирање.
Сајентолошката црква наводно го раздвоила Круз од Кидман, но и од Кејти Холмс (37) која изјави дека е среќна што повеќе не е со сопругот опседнат со сајентологија. Неодамна таа изјави дека Том цели три години ниту ја посетил ниту телефонски ја побарал нивната десетгодишна ќерка Сури.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
-
Приведен 70-годишник од тетовско за предизвикување пожар
-
Работник повреден во фабрика во Кавадарци