Џет-Сет
28. December 2018 - 11:56

Том Хенкс им го плати оброкот на сите гости во ресторан

Вечниот позитивец на Холивуд, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон им го платија оброкот на сите гости во ресторанот за брза храна во Калифорнија, „Ин-ен-Аут“ каде што и тие ручаа.

Притоа тој и се сликаше со бројни свои обожаватели кои потоа „ги преплавија“ социјалните мрежи.

Глумецот едноставно сака да се дружи со луѓето кои го почитуваат како уметник и како славна личност. Познат е случајот кога во 2016 непоканет упадна на свадба и на младенците им го направи денот уште поубав со своето изненадување; или пак, кога го посети уметникот кој му посветил уметничко дело нему.

Во 2018 година го немаше во ниту еден филм, а во 2019 година обожавателите ќе имаат можност да го погледнат во биографската драма за Фред Роџерс и да го чујат неговиот глас во четвртиот дел од „Приказната за играчките“.