Толку од сонцето - Еве какво време не очекува
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. УВ=5 Т-мин. од 10 до 18 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 степени.
Скопје Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Т-рите од 17 / 26 степени.
Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната седмица ќе се движат од 16 до 22 степена.
Ново на Сител
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија