Македонија
3. October 2017 - 9:36

„Тојота“ ја затвора својата фабрика во Австралија

Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска ја затвора својата фабрика во Мелбурн, каде се произведуваа автомобили повеќе од 50 години, јави ДПА.

Ова ќе доведе до затворање на 2.600 работни места. Министерот за индустриско производство на државата Викторија, Вејд Нунан изјави дека денеска е „ужасно тажен ден" и „крај на една ера во производството" во државата.

Слични зборови употреби и синдикалниот лидер Дејв Смит, кој  рече дека ове е „многу трагичен ден за Викторија, бидејќи го означува крајот на автомобилската индустрија".

Тојота, која започна со производство на автомобили во Австралија во 1963 година, е вториот производител на автомобили што ги затвори своите капацитети во земјата во изминатите две години. „Форд" стави крај на своето производство минатата година откако работеше во Австралија 91 година.