„Тојота“ ја затвора својата фабрика во Австралија
Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска ја затвора својата фабрика во Мелбурн, каде се произведуваа автомобили повеќе од 50 години, јави ДПА.
Ова ќе доведе до затворање на 2.600 работни места. Министерот за индустриско производство на државата Викторија, Вејд Нунан изјави дека денеска е „ужасно тажен ден" и „крај на една ера во производството" во државата.
Слични зборови употреби и синдикалниот лидер Дејв Смит, кој рече дека ове е „многу трагичен ден за Викторија, бидејќи го означува крајот на автомобилската индустрија".
Тојота, која започна со производство на автомобили во Австралија во 1963 година, е вториот производител на автомобили што ги затвори своите капацитети во земјата во изминатите две години. „Форд" стави крај на своето производство минатата година откако работеше во Австралија 91 година.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“