-->
-->
Тој е постар од сопругата 27 години: „Сопругот ми го нарекуваа педофил“
-->
“Без разлика на тоа што мислат луѓето, ние сме пар кој се согласува и се преселивме за да не остават на мир, за да почнеме од почеток. Енди е љубовта ма мојот живот” кажува 19 годишната Бет.
46 годишниот Енди Телфорд ја сретнал својата сопруга кога таа имала 16 години. Тие имаат два сина. Денес Бет има 19 години и таа пристапила кон медиумите бидејќи била шокирана од доживотното малтретирање кое го доживувал нејзиниот сопруг.
Тие се запознале во 2015 година додека тој и помалагал на нејзината мајка околу преселба. Бет кажува дека “веднаш се заљубила”. Набрзо станале пар, но често пати трпеле малтретирање, па се преселиле во Ланкашир.
“Пораките кои ги добиваме се навредлуви и жал ми е што мојот сопруг страда поради тоа. Без разлика на тоа што мислат луѓето, ние сме пар кој се согласува и се преселивме за да не остават на мир и да почнеме од почеток. Енди е љубовта на мојот живот и разликата во годините е факт кој не се менува” кажува Бет. Таа е домакинка која се грижи за своите синови.
“На почетокот малку се грижев за тоа што ќе кажат другите, но неможев да ги контролирам своите чувства кон Енди. Моите пријатели ми рекоа дека нашата врска е морбидна и изгубив некои пријатели, но јас и понатаму сум со мажот кој кон мене се однесува како да сум принцеза” кажува Бет. Тие се венчале во ноември 2016 година и имаат два сина, Тими кој има две години и Конвиј кој е стар девет месеци.
“Најтешко ни беше во октомври 2015 година кога на службеното комбе на Енди му напишаа дека е педофил. Тогаш соседите почнаа да го нарекуваат педофил, а мене ми викаа дека во него барам фигура на татко. Ми рекоа дека е педофил пред неговите деца. Поради тоа се преселивме. Новата околина е многу подобра и помалку не осудуваат. Научивме да ги игнорираме сите коментари. Иако е 27 години постар од мене, ние совршено си одговараме” кажува Бет, пренесува Mirror.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени