Тодоров:Кофинансирање на специјализациите и подобрување на статусот на младите лекари

Министерството за здравство направи измени на Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на специјализациите и подобрувањето на статусот на младите лекари.
Измените, како што денеска информира министерот за здравство Никола Тодоров, се веќе усвоени од страна на Владата и доставени на разгледување во Собранието на Република Македонија.
Со нив се предлага кофинансирање на приватните специјализации, односно дел од надоместокот за специјализацијата да го покрива државата. Значајно е тоа што оние млади лекари кои ќе бидат избрани на јавен оглас, ќе засноваат работен однос на определено време со јавната здравствена установа и ќе имаат право на плата и надоместок за дежурство. По завршување на специјализацијата тие ќе бидат вработени без објавување на оглас во јавната здравствена установа за која специјализирале.
- Владата ќе носи програма за конфинансирање на специјализации со која ќе се определува бројот и видот на кофинансирање на приватните специјализации за секоја здравствена установа. На огласот може да се јават млади лекари кои воопшто не се запишани на специјализација, но и сите оние кои веќе се запишани на приватна специјализација, појасни Тодоров на прес-конференција.
Кандидатите ќе бидат избрани на оглас во кој се предвидени конкуретни критериуми како што се просечен постигнат успех по сите предмети во првиот циклус на високо образование и полагање испит кој е составен од стручен тест и тест за познавање на аглиски јазик.
Со измените се предвидува да се кофинансира и специјализацијата по педијатрија и гинекологија. Докторите кои навреме ќе ја завршат специјализацијата ќе склучуваат договор со Фондот за здравствено осигурување и ќе добиваат гарантиран износ од околу 50 илјади денари месечно за приватната здравствена установа која ќе ја основаат по завршувањето на специјализацијата.
- Ова значи сериозен бенефит за младите лекари затоа што од една страна им се субвенционира специјализацијата, а од друга страна имаат или загарантирано вработување или загарантиран договор со Фондот во износ од 50 илјади денари месечно што е сосема доволно за почеток при основање на приватна здравствена установа. На овој начин сакаме да го решиме недостатокот на педијатри и гинеколози во определни градови така што ќе ги стимулираме младите лекари да одберат ваква специјализација, нагласи Тодоров.
На барање на младите лекари, како дел од измените на Законот за здравствена заштита, се и оние со кои се предвидува секоја здравствена установа да има една или повеќе простории за специјализантите. Исто така, законски ќе биде овозможено нововработениот лекар да може самостојно да укажува здравствена услуга без медицинска сестра во период не подолг од 18 месеци или се додека не достигне број од 700 пациенти.
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
