-->
-->
Тодоров: Се посрамотивме
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродором го претрпеа еден од најубедливите порази во АБА лигата. На гостувањето кај шампионот Црвена Звезда македонскиот првак загуби со 112:73.
- Знаевме дека Црвена Звезда е подобрата екипа. Беше очекувано дека ќе го загубиме овој натпревар и не гледам тим кој ќе може во оваа лига да ја победи Звезда тука, мислам на многу посилни екипи од нас. Дури и намерно промените во составот ги направивме сега, но не ни помислив дека против тим од Евролигата ќе играме малодушно и без залагање. Се посрамотивме првин самите себе си, а потоа и клубот. Не можев ниту да замислам дека ќе загубиме 39 поени разлика, особено што во вториот дел противникот играше со „втора постава“. Дел од играчите видоа зошто не играат во АБА лигата, а играат само во македонската. Јас се срамам, изјави тренерот Тодоров на прес конференцијата.
Македонскиот шампион следниот натпревар од македонската лига го игра дома со Блокотехна во четврток, а во АБА лигата следен противник е тимот на МЕГА во Скопје во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани