Тодоров: Ако има желба може да се дојде до договор
Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори со цел да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза.
- Досега направивме огромен број отстапки и сите тие отстапки се само во функција на решавање на кризата. Ајде да видиме и денеска дали од другата страна ќе имаме поместувања. Ако има желба за договор очекувам да има договор, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.
На прашање дали досега немало отстапки од другата страна, рече дека ќе биде неискрен ако каже дека немало воопшто.
- Имало определени отстапки од едната и од другата страна. Во вакви преговори секоја страна смета дека таа најмногу отстапува и тоа мора да се преброди. Нормално ние викаме дека ВМРО-ДПМНЕ направила повеќе отстапки, а СДСМ ќе каже дека тие направиле повеќе отстапки, но сепак таква е ситуацијата да треба да се собере храброст и да најдеме едно заедничко решение. Ние направивме доста отстапки во тој правец. Очекуваме една отстапка сега во финалето на овие преговори и од страна на СДСМ. Не би коментирал повеќе. Сепак, сакам овој процес да успее, не сакам да се доведе во прашање или да се уништи поради некоја лоша изјава или нешто друго, рече Тодоров пред денешното продолжение на меѓупартиските преговори.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат